Connect with us

Фудбал

Пресврт на ситуацијата, Драган Стојковиќ Пикси останува селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси и во наредниот период ќе биде селектор на српската фудбалска репрезентација! Како што пренесува „MozzartSport“, Србија во следниот циклус од Лигата на нации ќе влезе со Пикси на селекторската позиција, а во петок на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ќе биде потврдена одлуката.

Пикси ја доби поддршката од челниците на српскиот фудбал да ја продолжи работата што ја започна во текот на која ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Катар, Европското првенство во Германија и елитната дивизија од Лигата на нации, во која Србија ќе има можност да игра против најдобрите земји во Европа.

Драган Стојковиќ ќе продолжи да работи само според договорот што го потпиша пред ЕУРО 2024 година, во кој се посочува дека неговата соработка со ФСС трае до крајот на Светското првенство во 2026 година.