Connect with us

Фудбал

Претепан судијата кој за време на фудбалски меч го запроси своето момче (ФОТО)

Германскиот аматерски фудбалски судија Паскал Кајзер, кој претпретходниот викенд на натпревар од Бундеслигата меѓу Келн и Волфсбург на стадионот „РајнЕнерги“ го запроси својот вереник Мориц, бил физички нападнат во својот дом.
Кајзер привлече големо внимание во јавноста кога неодамна, пред речиси 50.000 гледачи, го запроси својот партнер.

Меѓутоа, само една недела подоцна Кајзер бил нападнат во близина на својата куќа, и тоа откако претходно добил експлицитни закани кои ја содржеле и неговата адреса.

Кајзер за тие закани ја известил полицијата, која наводно проценила дека не постоела непосредна опасност.