SportM
Фудбал

Претседател на клуб од Албанија влегол со вреќа пари во соблекувалната: Ваши се, ако го елиминирате противникот (ВИДЕО)

Редакција18 авг 2026
Претседател на клуб од Албанија влегол со вреќа пари во соблекувалната: Ваши се, ако го елиминирате противникот (ВИДЕО)

Претседателот на Динамо Сити, Ардијан Барди, одлучил на исклучителен начин да го мотивира тимот пред еден од најважните предизвици во сезоната.

Првиот човек на клубот ветил премија од 500 илјади евра за играчите и стручниот штаб доколку Динамо успее да го елиминира Пафос и да обезбеди пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Претходно Динамо обезбеди пласман во плејофот за Конференциската лига, откако со вкупни 4-1 го елиминираше летонскиот тим Ауда. По мечот, Барди влегол со врекичка со пари во соблекувалната и ги расфрлал и ветил 500.000 евра премија за елиминација на Пафос.

Играчите на Динамо сега имаат уште една силна причина да го дадат максимумот на теренот. 500-те илјади евра се во игра, но пред сè тука е престижот од европскиот пласман, кој би му дал уште еден голем поттик на скопскиот клуб.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.