SportM
Фудбал

Претседателот на Бразил, Лула побара селекторот да ги избрка од репрезентацијата Винисиус и останатите играчи од Европа

E R13 окт 2024
Претседателот на Бразил, Лула побара селекторот да ги избрка од репрезентацијата Винисиус и останатите играчи од Европа

Фото: Vinicius Junior breaks down in tears during a press conference after a training session of the Brazil team ahead of a friendly soccer match against Spain on Monday March 25, 2024, in Valdebebas, Madrid, Spain. Vinicius Junior broke down in tears on Monday while talking about the racist insults that he has been subjected to in Spain, saying that he is losing his desire to keep playing because of what he has been going through. (AP Photo/Oscar J. Barroso)

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва изјави дека сака селекторот на репрезентацијата Доривал Јуниор да ги избрка од репрезентацијата Винисиус, Ендрик, Родриго и другите фудбалери кои играат во Европа.

Имено, откако Бразил го совлада Чиле во квалификациите за СП 2026 благодарение на головите на играчите на Ботафого Игор и Хенрике, Лула истакна дека сака во националниот тим да играат само играчи од бразилската лига.

За време на гостувањето во една радио емисија, Лула изјави дека веќе стапил во контакт со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригес и му рекол дека репрезентацијата треба да ја сочинуваат исклучиво играчи од домашната лига, односно за Винисиус , Родриго, Алисон, Едерсон, Габриел… не би требало да има место.

“Фудбалерите кои играат во бразилската лига не се полоши од оние кои играат во Европа. Никој таму не е ниту Гаринчo, ниту Ромарио. Во Бразил играчите играат со ист квалитет како оние кои играат во Европа, и затоа мораме да дадеме шанса за оние од нашата лига“, рече бразилскиот претседател.

Иако е тешко да се очекува селекторот и претседателот на федерацијата да попуштат под притисокот на претседателот на државата, тоа не би било толку неверојатна работа со оглед на редовното спојување на политиката и спортот во јужноамериканските земји.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.