SportM
Фудбал

Прилепчанец и битолчанец го нападнале фудбалерот Радевски во Тетово, полицијата ги уапси!

E R10 апр 2025
Прилепчанец и битолчанец го нападнале фудбалерот Радевски во Тетово, полицијата ги уапси!

Фото: tv21m

Вчера во 18:40 часот во Тетово, полицијата од Тетово уапсила две лица 34-годишниот Д.Д. од Прилеп и 37-годишниот И.А. од Битола поради физички напад. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р. (30) од Прилеп.

Лицата се задржани во полициска станица, и како што информираат од МВР, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„Според пријавеното околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале“, информираше МВР.

Станува збор за фудбалерот Марјан Радески, кој во минатото беше дел и од репрезентацијата на Македонија.

ФК Струга вчера веднаш соопшти дека инцидентот воопшто не е поврзан со фудбалот ниту со мечот со Шкендија. Инаку, Струга славеше со 1:2 против Шкендија во Купот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.