SportM
Фудбал

Проблеми за Интер по победата во ЛШ, важен одбранбен играч повреден и ризикува неколку денови пауза

SPORTM.mk26 ное 2026
Проблеми за Интер по победата во ЛШ, важен одбранбен играч повреден и ризикува неколку денови пауза

Лоша вест за Интер по вчерашниот триумф од 2-0 против Шахтјор во Лигата на шампионите.

Црно-сините го загубија одбранбениот играч Алесандро Бастони, кој беше принуден да го напушти теренот во 39-та минута од првото полувреме, кога резултатот беше 0-0.

Димарко го замени поранешниот играч на Парма, кој почувствува непријатности во мускулот квадрицепс.

Според соопштение од клубот Интер, состојбата на Бастони ќе се процени во наредните денови.

Говорејќи за неговата состојба, Чиву (помошен тренер) изјави: „Не верувам дека станува збор за некоја сериозна повреда”.

„Тој ќе подлежи на медицински прегледи, но изгледа дека е само мускулен напор, проблем со кој се соочува неколку дена“, рече Чиву (помошен тренер).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.