SportM
Фудбал

Проблеми за Милан, дефанзивецот повреден, под знак прашалник за натпреварот со Јувентус

SPORTM.mk2 сеп 2026
Проблеми за Милан, дефанзивецот повреден, под знак прашалник за натпреварот со Јувентус

Проблеми за Милан во пресрет на важниот натпревар во недела на теренот на Јувентус. Еден од стартерите не тренираше со екипата поради повреда.

Станува збор за одбранбениот играч Матео Габија, кој ја пропушти тренинг-сесијата со остатокот од тимот поради повреда на зглобот на ногата.

Сè уште не е познато точното ниво на повредата, но не изгледа како нешто загрижувачко. Медиумите потврдуваат дека целта на медицинскиот тим е одбранбениот играч да се врати во групата до петок.

Се дознава дека играчот ќе има 48 часа апсолутен одмор, за да биде целосно достапен за натпреварот во недела против Јувентус, но тоа не е 100% загарантирано.

Тренингот во сабота ќе има големо влијание за судбината на Габија, дали ќе биде на теренот или не.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.