SportM
Фудбал

Проблеми за Реал Мадрид, им се повреди засилувањето, пауза од шест до осум недели!

E R17 сеп 2025
Проблеми за Реал Мадрид, им се повреди засилувањето, пауза од шест до осум недели!

Фото: tv21m

Фудбалерот на Реал Мадрид Трент Александер – Арнолд ќе биде надвор од теренот шест до осум недели. Тој на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј се пожали на повреда во четвртата минута.

Станува збор за повреда на мускул на левата нога.

Во соопштението од клубот нема информација за неговото отсуство, но шпанските медиуми сметаат дека според природата на повредата ќе отсуствува шест до осум недели.

Трент во редовите на „кралскиот клуб“ пристигна во летниот преоден рок од Ливерпул, а досега одигра пет натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.