Фудбал
Промени во управувањето на ФК Вардар
Фудбалскиот клуб Вардар АД Скопје регистрираше промени во управувачката структура, покажуваат податоците од Централниот регистар, до кои дојде SPORTM.mk
Со одлука донесена на 5 декември 2025 година, е извршена измена на Статутот и е регистрирано именување на нови неизвршни членови во Одборот на директори на клубот.
За неизвршни членови се именувани Лилјана Митковска, по професија правник, и Бојан Коцевски, економист. Двајцата ќе дејствуваат како неизвршни членови на Одборот на директори, без посебни овластувања.
Промената е официјализирана по електронски пат, а се однесува на органите на управување во друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје.
Регистрираните измени се спроведени согласно законските одредби од Законот за трговските друштва и Законот за едношалтерски систем.