Прв трофеј по пауза од 92 години, погледнете како прославија (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Холандскиот фудбалски клуб Go Ahead Eagles од Девентер синоќа го прослави освојувањето на првиот трофеј по долго 92-годишно чекање.
Go Ahead Eagles на самите почетоци на холандскиот фудбал важеше за гигант. Овој тим освои четири шампионски титули на Холандија и беше вистински гигант на почетокот, но последната титула ја освои далечната 1933 година. Сушата траеше 92 години, но беше прекината синоќа кога го освоија својот прв трофеј по долго чекање освојувајќи го холандскиот куп на сензационален начин. Тие славеа против АЗ Алкмар по подоброто изведување пенали, а особено импресивен беше начинот на кој овој тим дојде до пресвртот и трофејот.
Wait for it…. 😉 pic.twitter.com/tHy8ZVE5DN
— Go Ahead Eagles 🦅 (@GAEagles) April 22, 2025
Имено, фаворизираниот АЗ Алкмар имаше водство до деветтата минута од судиското надополнување, кога беше досуден пенал за Го Ахед Иглс. Тие постигнаа гол и победија продолженија. По 120 минути игра немаше победник, па почна пенал-рулетот. Таму одлично се снајде белгискиот голман Јари Де Бусер, кој одбрани два пенали и му го донесе на својот тим големиот трофеј.
Интересно е што сите голови видени во последниот натпревар беа постигнати од пенали. Прво, Трој Парот го доведе АЗ Алкмар во водство од пенал во 54. минута, пред Матс Дејл да реализира пенал во 99. минута за израмнување. Во продолженијата немаше голови, а потоа се играше пенали, по што ГА Иглс победи со 4:2.



