Прво радост, а потоа недолично однесување, реакцијата на Лапорта откако дозна дека Олмо може да биде регистриран (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Судот за спортска арбитража во Лозана му дозволи на Дани Олмо да игра за Барселона до донесување на конечната одлука по жалбата, а каталонскиот претседател Жоан Лапорта не го криеше задоволството, иако во еден момент ја загуби смиреноста.
Лапорта беше уловен од камерите во Саудиска Арабија каде Барселона игра во Суперкупот на Шпанија, а по објавата дека конечно Олмо е пријавен и може да игра, возбудата ја сподели со колегите. Сепак, Лапорта отиде чекор подалеку и, според Марка и Копа, се однесувал недолично на трибините за време на натпреварот против Атлетик Билбао (2:0).
‼️🚨 Joan Laporta's celebration after Dani Olmo & Pau Victor's registration. (@elchiringuitotv) pic.twitter.com/ekZW0UyS4f
— EuroFoot (@eurofootcom) January 8, 2025
Претседателот на Барса еуфорично го прегрна Ден Олмо во ложата и почна да вика: „Кучкини синови, кучкини синови!“ Според очевидци, цитирани од Marca и Cope, претседателот на Барса ги навредил челниците на Шпанската фудбалска федерација (RFEF), кои ги нарекол и „кукавици и исплашени луѓе“. По навредите, Лапорта почнал да клоца со столчиња околу него и со нога соборувал фотелја додека присутните не можеле да поверуваат. По овие настани, неколку членови на RFEF ја напуштија кутијата.



