Психолог ги анализира гестовите на Мбапе: Длабоко разочарување, маскирана почит кон Кејн

Килијан Мбапе ја заврши церемонијата на „Златната топка“ без ниту еден трофеј, иако се надеваше за првпат да ја освои оваа престижна награда. Победник беше прогласен Хари Кејн, благодарение на постигнатите 73 гола во сезоната.
Психологот Антони Грау, коосновач на „Atenea Salud Mental“, го анализираше за „Mundo Deportivo“ реакцијата на напаѓачот на Реал Мадрид во моментот на објавувањето на победникот: „Невербалниот јазик на Мбапе откако сфати дека не ја освои ‘Златната топка’ е жива илустрација на првиот закон на теоријата на човечка комуникација: невозможно е да не комуницираш“.
Според експертот, разочарувањето на Французинот беше очигледно, и покрај обидите да го прикрие: „Секој набљудувач со малку искуство може да забележи дека неговото лице е зафатено од длабоко разочарување. Мбапе ги стега устата и малку ги подига аглите, во обид да го маскира разочарувањето како знак на почит кон Хари Кејн“.
За разлика од Ламин Јамал, Усман Дембеле, Луис Дијаз и Дајот Упамекано, Французинот не стана од местото за да го поздрави победникот, Хари Кејн.



