Connect with us

Фудбал

ПСЖ и Порто изборија пласман во следната фаза во Лигата на шампионите. Крај на патот за Њукасл и Милан

Порто и ПСЖ ги пополнија последните две места кои водат во осминафиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ ремизираше 1:1 со Борусија Дортмунд и заврши на второто место во комплицираната и многу конкурентна група Ф. Карим Адејеми го постигна голот за Борусија, а Ворен Заир-Емери израмни за ПСЖ.

Натпреварот меѓу Милан и Њукасл, кои можеа да се пласираат во истата група, заврши со победа на Милан со 1:2. Њукасл поведе со голот на Жолинтон, а Кристијан Пулишиќ и Самуел Чуквуезе со голови го предводеа Милан до пресврт. Така Борусија и ПСЖ продолжуваат понатаму, додека Милан заврши на третото место во групата и напролет ќе игра во Лига Европа.

Со победата од 5:3 против Шахтјор, Порто го освои второто место во групата Х. Вандерсон Галено беше играч на натпреварот со два гола и две асистенции. Покрај него погодија Мехди Тареми, Пепе и Франциско Консеикао. Данило Сикан го постигна првиот гол за Шахтјор, вториот автогол на Стивен Еустаки, додека третиот го постигна Егиналдо.

Шахтјор го продолжува европското натпреварување во Лига Европа. Од Европа е елиминиран Кралскиот Антверпен кој во последното коло ја совлада Барселона со резултат 3:2. За Антверпен погодија Артур Вермерен, Виктор Јансен и Џорџ Иленихена, а за Барселона Феран Торес и Марк Гуиу.

Во групата Е се одиграа два резултатски небитни натпревари. Селтик го победи Феенорд со 2:1, а Атлетико Мадрид го победи Лацио со 2:0. Во групата Е се беше јасно уште пред овие средби, Атлетико Мадрид го обезбеди првото место, Лацио втор, Феенорд трет, а Селтик последен.

Претходно Манчестер Сити ја совлада Црвена Звезда со 3:2, а РБ Лајпциг беше подобар од Јанг Бојс и оствари победа од 2:1. Првото место на табелата го зазема Манчестер Сити, втор е РБ Лајпциг, трет е Јанг Бојс, а последна е Црвена Звезда.