Connect with us

Фудбал

ПСЖ задоцни со жалбата еден ден, на Мбапе ќе мора да му плати 55 милиони евра

ПСЖ ќе мора да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра поради голема грешка на нивниот адвокатски тим.

Мбапе во летниот преоден рок пристигна во Реал Мадрид како слободен играч, а парискиот клуб не му ја исплати платата за април, мај и јуни бидејќи тврдат дека Мбапе усно им кажал дека не мора да му ги дадат тие пари бидејќи го прекрши ветувањето дека нема да го напушти клубот.

Адвокатите на Мбапе покренаа тужба пред Француската фудбалска федерација (ФФФ), Француската фудбалска лига (ЛФП) и УЕФА, а Мбапе минатиот месец даде докази и презентираше докази до Комисијата ЛФП кои беа прифатени. ФФФ и ЛФП донесоа одлука дека ПСЖ мора да му плати на Мбапе 55 милиони евра, со десетдневно право на жалба. ПСЖ испрати жалба на единаесеттиот ден од одлуката, а ФФФ и ЛФП автоматски ја одбија жалбата, што значи дека сметката на Мбапе наскоро ќе биде зголемена за 55 милиони евра.