SportM
Фудбал

Работнички лидер, Вардар на дното!

E R30 окт 2024
Работнички лидер, Вардар на дното!

Фото: tv21m

Фудбалерите на Работнички освоија бод на гостински терен против Силекс што им беше доволно да го зачуваат водечкото место на табелата по денешното 12 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое Вардар загуби дома од Брера и се спушти на последното место.

Шкендија и Воска забележаа домашни победи, триумфирајќи над Беса и Шкупи, додека актуелниот шампион Струга освои три бодови на гостински терен во дуелот со Тиквеш. Без победник заврши пресметката меѓу Пелистер и Гостивар.

ПМФЛ – 12 коло

Пелистер – Гостивар 0-0, Шкендија – Беса 2-1, Силекс – Работнички 1-1, Тиквеш – Струга 0-1, Вардар – Брера Струмица 0-1, Воска – Шкупи 3-1.

Табела: Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.