Радувај се Македонијо, имаш европски првак, Игор Стефановски е трикратен европски шампион!
Редакција17 сеп 2023

Македонскиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година. . Тој попладнево во хрватскиот град Бузет, во областа Истра, ја завери третата шампионска титула, која и претходно беше очекувана бидејќи имаше бодовна предност од 204 бодови во однос на 176 бодови на Французинот Николас Вервер.
Инаку, за оваа трка во Хрватска, тимот на Игор Стефановски организираше и автобус за фановите. Така, околу 50 Македонци минаа преку 1.000 километри за да му дадат поддршка на автомобилистот на патот кон нов трофеј.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



