SportM
Фудбал

Рамос: Дресот број 9 на Милан е тежок, ги имаме квалитетите да освоиме секое натпреварување

SPORTM.mk15 сеп 2026
Рамос: Дресот број 9 на Милан е тежок, ги имаме квалитетите да освоиме секое натпреварување

Во интервју за официјалната страница на УЕФА, напаѓачот на Милан, Гонсало Рамос, зборуваше за неговиот избор да премине во црвено-црните: „Димензијата на Милан беше секако важен фактор, но за мене исто така многу важни се и филозофијата на тренерот и проектот на клубот за следните години. Почувствував дека Милан верува во мене и сака да бидам дел од тимот. Ова беше една од главните причини зошто решив да дојдам тука.

Аморим? Тој беше многу позитивен и, на некој начин, и едноставен, бидејќи имаме сличен начин на разбирање на фудбалот. Фактот што двајцата зборуваме португалски ни помага подобро да се разбереме“.

За дресот број 9, Рамос рече: „Тоа е ‘тежок’ дрес за носење, но пред сè сум горд што го добив. Тоа е голема одговорност, која ја поднесувам со гордост и решителност“.

За целите: „Ги имаме квалитетите да освоиме секое натпреварување каде што учествуваме, но треба да одиме чекор по чекор и да се фокусираме на секој натпревар“.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.