Рамос е многу тежок за преговори, го одбил бразилскиот клуб бидејќи бил незадоволен од финансиската понуда
Д М12 сеп 2024

Поранешниот шпански фудбалер Серхио Рамос одбил да ја продолжи играчката кариера во бразилски Ботафого, бидејќи бил незадоволен од финансиската понуда.
Рамос (38) во моментов е без договор, бидејќи неговиот договор со Севиља истече на крајот од минатата сезона.
Странскиоте медиуми наведуваат дека шпанскиот фудбалер преговарал со Ботафого, но не бил постигнат договор бидејќи Рамос имал преголеми финансиски барања.
Покрај за Севиља, Рамос настапуваше и за Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. За шпанската репрезентација одигра 180 натпревари од 2005 до 2021 година и постигна 23 гола.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



