SportM
Фудбал

Равена прави „бинго“ со 45-минутното учество на Роналдињо на теренот. Откриено е колку заработил клубот од Серија Ц

SPORTM.mk16 ное 2026
Равена прави „бинго“ со 45-минутното учество на Роналдињо на теренот. Откриено е колку заработил клубот од Серија Ц

Враќањето на Роналдињо на теренот по 11 години, донесе среќа на Равена и пред сè значајни приходи, особено од продажбата на билети.

Натпреварот против Форли, во третата дивизија на италијанскиот фудбал, се претвори во глобален настан кој се пренесуваше во многу различни земји, што е сосема невообичаено за клуб што игра во Серија Ц.

Стадионот „Бенели“ беше проширен специјално за овој настан, со додавање на нова привремена трибина, наречена „Трибуна Р10“ во чест на бразилската легенда.

За овој посебен настан, цените на билетите беа зголемени: тие достигнуваа до 150 евра за ВИП зоната, додека за редовните посетители почнуваа од 15 евра, а за деца под 14 години билетот чинеше само 10 евра.

Равена соопшти дека враќањето на Роналдињо на теренот и неговото играње од 45 минути му донесе на клубот 199.000 евра само од продажбата на билети.

По натпреварот, Роналдињо навести дека би можел повторно да игра оваа сезона со дресот на Равена, ако добие уште една покана од претседателот на клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.