Разговарав со Стефан Ристовски, ама последниот збор го има селекторот Милевски, вели Омерагиќ
E R28 мар 2025

Фото: tv21m
Масар Омерагиќ, претседателот на ФФМ во „Дејли Клик“ на ТВ21 и за можноста поранешниот капитен Стефан Ристовски да се врати во националниот тим.
Тој рече дека разговарал и со Стефан и со селекторот Боби Милевски, меѓутоа последниот збор го има предводникот Милевски, и тука рече дека нема да се меша во неговиот избор.
„Разговарав јас со Стефан Ристовски и со селекторот, и селекторот го има последниот збор. Одговорноста е негова за резултатите и во ростерот што го бира. Моја одговорност е да обезбедам максимални услови, а во составот да се мешам не ми паѓа на памет. Кога има мешање нема успех. Селекторот влече потег, и мора да има одговорност за резултатите“, рече Омерагиќ.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



