Connect with us

Фудбал

Реакцијата на Гвардиола за „лудата“ одбрана на Донарума (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера славеа против Ливерпул во едно од најинтересните дербија на Премиер лигата во последните години (2:1), а по возбудливата завршница никој не остана рамнодушен, па ни Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак покрај аут-линијата страсно го доживуваше секој момент од натпреварот. Ливерпул водеше до самиот финиш, а потоа Манчестер Сити направи пресврт со гол во 94. минута од пенал.

Само една минута пред крајот на натпреварот, Ливерпул можеше да израмни, но голманот Џанлуиџи Донарума ја запиша интервенцијата на натпреварот, а можеби и на досегашниот дел од сезоната.

Италијанскиот голман благодарение на одличниот рефлекс и природно поголемиот распон на рацете успеа да го одбрани ударот кој одеше директно во аголот.

Многумина веќе ја видоа топката во голот, меѓу нив и Пеп Гвардиола, кој покрај аут-линијата не можеше да се изначуди на овој потег. Тој се обиде да го копира и пред камерите ја имитираше реакцијата на Донарума од оваа брилијантна одбрана.

„Каква одбрана“, им зборуваше Гвардиола на своите помошници, а неговата реакција стана вирална.

Сити по оваа победа повторно е на минус шест во однос на Арсенал и сè уште има шанси да дојде до 11. титула шампион на Англија.