SportM
Фудбал

Реакцијата на Мбапе на наградата Златна топка најдобро покажува зошто сака да го напушти ПСЖ

Д М30 ное 2021
Реакцијата на Мбапе на наградата Златна топка најдобро покажува зошто сака да го напушти ПСЖ

Меси по седми пат во кариерата беше избран за најдобар играч на светот и стана апсолутен рекордер по бројот на освоени Златни топки.

Сепак, многумина сметаат дека Аргентинецот овојпат не ја заслужил оваа награда, и дека таа требало да оди во рацете на Роберт Левандовски. Но, откако Франс Фудбал го објави воведувањето на наградата за најдобар напаѓач, јасно беше што се чека.

На церемонијата во Париз беше навистина доста интересно, а многу фудбалски ѕвезди решија да присуствуваат на доделувањето на Златната топка.

Тука беше и Килијан Мбапе кој седеше до Меси, но се најде во центарот на вниманието поради реакцијата откако беше објавено дека заврши само на деветтото место на рангирањето на најдобрите светски фудбалери.

Мбапе веќе неколку сезони игра на одлично ниво во клубот и во репрезентацијата, но очигледно е дека очекуваше подобар пласман од деветтото место, а тоа најдобро го покажа неговата реакција.

Многумина веруваат дека ова е најдобриот доказ зошто Мбапе сака да го напушти ПСЖ и да излезе од сенката на Меси и Нејмар и да замине во клубот каде што ќе биде прва ѕвезда и на крајот самиот да ја освои Златната топка.

https://twitter.com/Shafaqut94/status/1465414825740316676?

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.