Connect with us

Фудбал

Реал го претстави дресот на Мбапе и го пушти во продажба, тој ќе ја носи „деветката“ на Бензема

Европскиот првак Реал Мадрид го претстави дресот на најголемото летно засилување Килијан Мбапе со бројот девет на грбот кој е пуштен во продажба. Со завршеното Европско првенство, Килијан Мбапе сега може да се фокусира на својата клупска кариера и непречен почеток на животот во Реал Мадрид.

Настапот со Франција во полуфиналето на Европското првенство Мбапе го заврши со пораз од Шпанија (2:1), а сега ќе добие неколку дена одмор пред официјално да се пресели во Шпанија. Одличниот Французин на 16 јули ќе биде присутен на Сантијаго Бернабеу кога ќе биде претставен пред навивачите. Тој ден ќе го одработи првиот тренинг со Кралскиот клуб, а потоа ќе го потпише договорот во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез.