Реал Мадрид е светски првак (ВИДЕО)
E R18 дек 2024

Реал Мадрид вечерва во Лусаил (Катар) ја совлада Пачука од Мексико во финалето на Интерконтиненталниот куп со 3:0.
Головите за актуелниот европски шампион ги постигнаа Килијан Мбапе, Родриго и Винисиус Жуниор.
„Кралевите“ станаа 4-кратни освојувачи на трофејот и поставија рекорд.
Милан, Бока Јуниорс, Пенарол и Национал (Уругвај) по три пати го освоија Интерконтиненталниот куп.
Во Интерконтиненталниот куп учествуваат победниците на главните клупски континентални натпреварувања.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



