SportM
Фудбал

Реал Мадрид го официјализира неочекуваниот трансфер, 21-годишник потпишa на две години

SPORTM.mk27 авг 2026
Реал Мадрид го официјализира неочекуваниот трансфер, 21-годишник потпишa на две години

Реал Мадрид денеска го официјализираше трансферот на Оскар Наси. 21-годишниот Ганец доаѓа од Гранада и првично ќе биде дел од Реал Мадрид Кастилја.

Наси може да игра во центарот на одбраната и на десното крило. Со висина од 1.85 метри, тој носи физичка сила и тактичка флексибилност.

Според АС, Реал Мадрид платил 2 милиони евра за трансферот на ганскиот одбранбен играч. Тој ќе потпише двегодишен договор, со можност за продолжување до пет години доколку биде промовиран во првиот тим на Реал Мадрид.

Наси се приклучи на академијата на Гранада во 2023 година и со своите перформанси успеа да обезбеди место на стартната позиција во првиот тим. Сега следи следниот важен чекор во кариерата, каде што секако големата цел е во блиска иднина да биде дел од првиот тим на Реал Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.