Реал Мадрид го промовираше Мбапе, го задолжи бројот 9
Редакција16 јул 2024

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за прв пат беше фотографиран со дрес на својот нов клуб.
На фотографијата 25-годишниот Французин позира со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез. Тој држи персонализиран дрес на Реал Мадрид со број 9, кој ќе го носи во тимот.
Во текот на денот 25-годишниот Французин беше на лекарски преглед во Реал Мадрид. Подоцна ќе биде претставен како играч на Реал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид на 3 јуни го објави трансферот на Килијан Мбапе. Французинот потпиша договор со клубот до летото 2029 година. Претходно фудбалерот настапуваше за ПСЖ и Монако
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



