Реал Мадрид пикираше тројца дефанзивци, еве ги нивните имиња!
Редакција13 ное 2024

Реал Мадрид планира да ангажира четворица играчи во летниот преоден рок, пишува мадридски „АС“.
Според изворот, на списокот се тројца дефанзивци: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Џонатан Та (Леверкузен) и Алфонсо Дејвис (Баерн).
Покрај тоа, Реал останува заинтересиран за играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц.
По 12 одиграни натпревари, тимот предводен од Карло Анчелоти е на второто место во шпанската Ла Лига со 27 бодови, 6 бода зад лидерот Барселона, но „белите“ имаат натпревар помалку.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



