SportM
Фудбал

Реал Мадрид, сепак има проблем, Мбапе под знак прашалник за пресметката со Манчестер Сити!

E R10 дек 2025
Реал Мадрид, сепак има проблем, Мбапе под знак прашалник за пресметката со Манчестер Сити!

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, е неизвесен за натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, бидејќи поради повреда го пропушти тренингот пред дуелот со англискиот тим.

Мбапе има проблеми со мускулот на левата нога, а шпанските медиуми наведуваат дека стручниот штаб на Реал денес попладне ќе донесе конечна одлука дали францускиот фудбалер ќе игра на следниот натпревар од Лигата на шампионите.

„Мбапе е под знак прашалник за Манчестер Сити. И доколку игра, ќе има многу ограничена улога,“ изјавил за шпанска Марка извор близок до мадридскиот клуб.

Денешниот тренинг на Реал го пропушти и Единардо Камавинга, кој има проблеми со повреда на скочниот зглоб.

Тренерот на Реал, Чаби Алонсо, има проблеми со повредени играчи, бидејќи надвор од терен се и Дани Карвахал, Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен, Едер Милитао, Давид Алаба и Ферлан Менди.

Натпреварот меѓу Реал и Манчестер Сити ќе се одигра во среда од 21 часот во Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.