SportM
Фудбал

Реал Мадрид со седум отсутни против Бетис, златна шанса за последната аквизиција

SPORTM.mk4 сеп 2026
Реал Мадрид со седум отсутни против Бетис, златна шанса за последната аквизиција

Реал Мадрид вечерва ќе игра на гостински терен против Реал Бетис, натпревар од 4-тото коло од Ла Лига. „Кралевите“ ќе бидат со 7 значајни отсутни за овој дуел поради повреди.

Според „Мундо Депортиво“, Реал Мадрид ќе биде без Орелиен Чуамени, Ендрик, Едер Милитао, Родриго, Ферлан Менди, Раул Асенсио и Тиаго Питарч.

Натпреварот против Бетис може да биде голема можност за Серхио Мартинез, кој беше ангажиран во последниот ден од трансфер периодот од Расинг Сантандер.

Деветнаесетгодишниот играч за врска првично беше предвиден за Реал Мадрид Кастиља, но сега тренира со првиот тим и може да дебитира утре со првиот тим на Реал Мадрид поради многуте отсутни играчи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.