Реал Мадрид започна потрага по замена за Рудигер, на списокот се 4 имиња

Антонио Рудигер е во последната година од договорот со Реал Мадрид. Германскиот стопер ќе замине како слободен играч на крајот од оваа сезона.
Затоа, раководството на „кралевите“ веќе започна со работа на пронаоѓање на достојна замена за Рудигер во центарот на одбраната. На списокот на мадридскиот клуб се наоѓаат 4 имиња. Двајца од нив се искусни одбранбени играчи на врвот од својата кариера. Еден од нив се смета за перспективен за иднината, додека последниот е продукт на академијата на Реал Мадрид и сега е подготвен да се врати дома.
Имињата што Реал Мадрид ги разгледува се: Нико Шлотербек (26 години) од Борусија Дортмунд, Фин Јелч (20 години) од Штутгарт, Алесандро Бастони (27 години) од Интер, како и Хакобо Рамон (21 година), продукт на академијата на мадридскиот клуб, кој моментално игра за Комо.



