SportM
Фудбал

Реал Мадрид жестоко се противи мечот Виљареал-Барселона да се одигра во Мајами!

E R13 авг 2025
Реал Мадрид жестоко се противи мечот Виљареал-Барселона да се одигра во Мајами!

Фото: tv21m

Управата на Реал Мадрид жестоко реагираше на одлуката на Шпанската фудбалска федерација натпреварот од 17.коло на Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20.декември во Мајами. Одлуката беше донесена вчера, а Шпанската федерација ќе мора да бара дозвола од УЕФА и од ФИФА.

Според шпанските медиуми реакции има и од други клубови не само од „кралскиот клуб“. Во Реал Мадрид сметаат дека на овој начин Барселона ќе избегне едно од најтешките гостувања во првенството. Во соопштението на Реал се напоменува дека одлуката е донесена без согласност од другите клубови и притоа се прекршуваат правилата и се нарушува регуларноста на првенството.

Реал информираа дека жалбата е пратена и до УЕФА и ФИФА, како и Високиот спортски совет во Шпанија да не дозволат Виљареал и Барселона да играат во Мајами.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.