Реја: Среќен сум тука, но би сакал да играм во Ла Лига пред крајот на кариерата
SPORTM.mk22 окт 2026

Голманот на Арсенал, Давид Реја, во интервју за ‘Марка’, зборуваше за својата иднина, откривајќи дека би сакал многу да игра во Ла Лига пред да ја заврши својата кариера.
„Да, навистина би сакал,“ изјави шпанскиот голман и додаде: „Би сакал да ја пробам Ла Лига. За сега сум многу среќен овде во Арсенал, но секако би сакал да се испробам и во шпанската лига“.
„Верувам дека е тоа многу конкурентна лига. Можеби, во иднина, би можел да играм за некој шпански клуб. Јас сум Шпанец и многу би ми било мило да играм таму, тоа е сигурно“, рече Давид Реја.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



