Реконструкција на Реал Мадрид под палката на Мурињо: Кој доаѓа, а кој заминува?!

Како што се приближува почетокот на новата сезона во Примера, шпанските медиуми сè почесто пишуваат со каков состав Реал Мадрид, под водство на Жозе Мурињо, ќе тргне во поход по шампионската титула.
Она што е сигурно е дека ќе има и заминувања, исто како што имаше и засилувања. Најновото засилување е Јан Диоманде, кој ќе биде петто ново име во редовите на „кралскиот клуб“ во пресрет на новата сезона. Воедно, неколку од досегашните ѕвезди ќе мора да го напуштат клубот.
Сè уште се споменува и можниот трансфер на Родри, иако од Мадрид и натаму негираат дека презеле конкретни чекори за ангажман на играчот за врска на Манчестер Сити.
Според информациите на „Ас“, засега нема официјална понуда, но познато е дека фудбалерот сака да се врати во шпанското првенство и дека Реал Мадрид е неговата прва опција.
За да се ослободи простор за нови засилувања, особено во средниот ред, Реал Мадрид ќе мора да продаде неколку играчи. Со доаѓањето на Бернардо Силва се создаде голема конкуренција во средниот ред, а досега ниту еден играч од тој дел на тимот не си заминал.
Единствените промени засега се заминувањето на Дани Себаљос, кој минатата сезона имаше мала минутажа, како и продолжувањето на договорот со Орелиен Чуамени.
Можни заминувања:
- Раул Асенсио (20 милиони евра според Transfermarkt)
- Гонзало Гарсија (30 милиони евра)
- Франко Мастантуоно (45 милиони евра)
- Брахим Дијаз (35 милиони евра)
- Едуардо Камавинга (50 милиони евра)



