Фудбал
Репрезентацијата на Иран му одговори на Трамп
Фудбалската федерација на Иран му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата изјава дека друга држава треба да биде на местото на Иран на Светското првенство од безбедносни причини.
„Светското првенство е историски меѓународен настан во организација на ФИФА, а не на некој поединец или држава. Иранската репрезентација меѓу првите благодарение на силата и серијата победи на храбрите синови на Иран, се квалификуваше на големиот турнир. Единствена држава која треба да биде исклучена е таа која е само домаќин, а притоа не е во можност да гарантира сигурност на другите екипи учеснички, пишува во соопштението на Иранската федерација.
Пред неколку дена министерот за спорт на Иран Ахмед Донјамал изјави дека Иран нема да учествува на Светслото, што е сосема спортивно на ставот на Фудбалската федерација на Иран.
Остануваат многу отворени прашања, а фудбалскиот Мундијал почнува за 90 дена.