Connect with us

Фудбал

Револуција на Светското клупско првенство: Ново правило за голманите, доаѓаат камерите

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска соопшти дека судиите на претстојното Светско клупско првенство ќе бидат опремени со камери на нивните тела и ќе се применува ново правило за борба против губењето време од страна на голманите.

„Судиите на натпреварот ќе носат камери на телото како дел од експерименталната фаза. Тестовите се одобрени од ИФА, телото кое ги надгледува правилата на играта“, соопшти ФИФА.


Претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, смета дека ова е добра можност на гледачите да им се понуди ново искуство благодарение на сликите направени од перспектива која досега не била понудена.

„Оваа иницијатива е иновативна и за радиодифузерите и за обуката на судиите затоа што е важно да можете да се ставите во кожата на судијата за време на натпревар, да процените како судијата ги донел своите одлуки и така натаму“, објасни Колина.

Натпреварувањето ќе имплементира ново правило одобрено од Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ) на 1-ви март со цел да се намали загубата на време предизвикана од голманите. Да потсетиме, доколку ја држат топката во раце повеќе од осум секунди, судијата ќе сигнализира корнер.

“Мора да ја гледаме играта и головите, а не судијата. Судијата е протагонист кој не треба да се забележи во текот на играта. Добриот судија не треба да се гледа или да се познава. Но, тој мора да биде подготвен”, изјави поранешниот судија Масимо Бусака.