SportM
Фудбал

Рудигер размислува за заминување од Реал Мадрид

SPORTM.mk27 ное 2026
Рудигер размислува за заминување од Реал Мадрид

Антонио Рудигер може да се врати во Челси, четири и пол години по заминувањето од „Стемфорд Бриџ“. Според Брајан Кинг, поранешен вработен во Тотенхем, Астон Вила и Евертон, лондонскиот клуб ја разгледува можноста за трансфер на германскиот дефанзивец уште во јануарскиот преоден рок.

Ридигер, кој има одиграно 189 натпревари за Реал Мадрид, забележува сè помалку време на теренот под водство на Карло Анчелоти. 33-годишникот не одиграл ниедна минута во последните пет кола од Ла Лига, а бил активен само во Лигата на шампионите.

Неговиот договор со мадридскиот клуб истекува во јуни 2027 година, што може да му овозможи на Челси да го купи за релативно мала сума уште во јануари.

Ридигер добро го познава лондонскиот амбиент. Тој беше еден од главните играчи во победата на Челси во Лигата на шампионите во 2021 година. Една година подоцна замина како слободен играч во Реал Мадрид, откако не успеа да постигне договор за продолжување на договорот со Челси.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.