Родри е Лионел Меси на шпанскиот фудбал, ќе има лесна адаптација во Барселона
SPORTM.mk2 сеп 2026

Тренерот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, е уверен дека Родри ќе се адаптира многу лесно во Барселона. Исто така, де ла Фуенте оди и понатаму споредувајќи го Родри со ѕвездата на фудбалот, Лионел Меси.
„Ќе му биде полесно да се адаптира, затоа што Родри е Меси на шпанскиот фудбал, така што тој ќе се вклопи добро во секој тим, во било какви услови. Тој е најдобар во светот на неговата позиција“, рече де ла Фуенте во интервју за Радио Марка.
Исто така, тренерот на Шпанија не можеше да не прокоментира за повлекувањето на Лионел Меси од аргентинската репрезентација.
„Нормално, кога времето минува и некој се пензионира, некој друг е способен да го оцени она што го постигнал некој, но тоа нема да се случи со Меси. Тој е легенда“, додаде де ла Фуенте.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



