Ромарио го брани КР7: Добро направи што си замина од репрезентацијата, јас би го пратил селекторот по ѓаволите

Прашањето Кристијано Роналдо-Жорже Жесус продолжува да предизвикува дискусии и надвор од Португалија. Во одбрана на португалската ѕвезда застана бразилската легенда Ромарио, кој во „Чарла Подкаст“ отворено го поддржа решението на Роналдо да ја напушти репрезентацијата:
„Ако работите се случиле онака како што ги опиша Роналдо, тогаш Жорже Жесус не го одржал зборот. Стискањето раце вреди повеќе од било каков договор. Ако некој не ја почитува една спогодба, тој е лош човек“.
Поранешниот напаѓач на Бразил додаде: „Ако навистина тоа што го кажа се случило, Роналдо добро направил што се повлече. Некои велат дека ја напушти репрезентацијата, но тој веќе се чувствуваше навреден. Зошто да продолжи да трпи? Јас исто така би си заминал“.
Според Бразилецот, Роналдо се чувствувал понижен откако останал на клупа без да биде активиран против Норвешка и Жесус одбил да прочита порака подготвена од играчот и неговиот тим: „Кристијано се чувствуваше јавно изложен и третиран како да не вреди ништо повеќе. Во таква ситуација би го направил истото. Дури, пред да си заминам, би го пратил селекторот по ѓаволите“.



