Фудбал
Роналдо го бојкотира и денешното големо дерби, челниците на лигата му објасниле како се доведуваат засилувања
Кристијано Роналдо денеска ќе го пропушти вториот последователен натпревар против Ал-Итихад, како знак на протест против начинот на кој Саудискиот државен инвестициски фонд (PIF) ги третира клубовите во рамките на Саудиската професионална лига, која по сè се огласи со соопштение.
Роналдо смета дека се фаворизираат ривалските клубови, особено кога станува збор за трансферите, додека неговиот Ал-Наср се наоѓа во понеповолна позиција.
На неговата одлука реагираше и официјалното раководство на Саудиската професионална лига, кое во соопштението истакна дека сите клубови работат под еднакви правила.
✍️🇸🇦 The Saudi Pro League have released an official statement in response to Cristiano Ronaldo's protest:
"The Saudi Pro League is structured around a simple principle: every club operates independently under the same rules.
"Clubs have their own boards, their own executives… https://t.co/YGuFcheBFY pic.twitter.com/IIbJwgvt5y
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 5, 2026
„Саудиската професионална лига се темели на едноставен принцип: секој клуб работи независно, според истите правила. Клубовите имаат сопствени управи, директори и спортски менаџмент. Одлуките за засилувања, трошоци и стратегија ги носат тие, во рамките на финансискиот модел осмислен за да обезбеди одржливост и натпреварувачка рамнотежа. Тој модел се применува подеднакво на целата лига“, се наведува во соопштението.
Во продолжение се истакнува дека Роналдо од своето доаѓање е целосно посветен на Ал-Наср, но дека ниту еден поединец, без оглед на статусот, не може да носи одлуки надвор од рамките на сопствениот клуб.
„Кристијано од своето доаѓање одигра клучна улога во растот и амбициите на Ал-Наср. Како и секој врвен фудбалер, сака да победува. Сепак, неодамнешните трансфери ја покажуваат независноста на клубовите – секое засилување е резултат на клупски одлуки, донесени во рамките на одобрените финансиски параметри“, се додава.
Раководството на лигата нагласи и дека конкурентноста на првенството е потврдена преку резултатите, имајќи предвид дека само неколку бода ги делат водечките четири екипи, што ја прави борбата за титулата исклучително неизвесна.
Роналдо е разочаран од начинот на кој PIF управува со Ал-Наср во однос на другите клубови под истиот фонд, за кои смета дека имаат поповластен статус. Неговото незадоволство е насочено токму кон PIF, кој управува и со неговиот клуб.