Роналдо Назарио и Роберто Карлос „купуваат“ клуб стар 112 години

Советниците на Интер де Лимејра, клуб од Серија Ц, Третата категорија во Бразил, го одобрија предлогот на групата инвеститори во која се дел Роналдо Назарио и Роберто Карлос, за да го преземат контролата врз SAF на клубот.
Во Бразил, SAF е акционерско друштво за фудбал, правен модел што им овозможува на клубовите да функционираат како компании. Статутите бараа поддршка од две третини од учесниците на Вонредното генерално собрание, додека групата на поранешните мадридски играчи доби 53 гласа за и само еден против. Навивачите надвор од салата го прославија резултатот со огномети.
Договорот предвидува купување на 80% од акциите на SAF, со инвестиции до 75,4 милиони евра во текот на 10 години. Фондот го води Енрико Амброгини и во него учествува и саудискиот принц Абдулах бин Саад бин Абдулазиз Ал Сауд.
Целта е Интер де Лимејра да се искачи во Серија А на бразилското првенство во рок од 8 сезони. Клубот има 112 години историја. Во 1986 година стана првиот тим од внатрешноста на државата Сао Пауло што го освои државното првенство, а во 1988 година ја освои и Серија Б на бразилското првенство.



