SportM
Фудбал

Роналдо се уште на врвот, Јамал се проби на листата, ова се фудбалерите кои најмногу заработуваат!

E R17 окт 2025
Роналдо се уште на врвот, Јамал се проби на листата, ова се фудбалерите кои најмногу заработуваат!

Фото: tv21m

Според најновиот извештај на магазинот „Форбс“, португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо и понатаму е најплатениот фудбалер на планетата.

Напаѓачот на Ал Наср во 2025 година заработил неверојатни 239 милиони евра, со што убедливо го задржа првото место на листата.

На втората позиција се наоѓа Лионел Меси, кој во Интер Мајами инкасирал 111 милиони евра, додека третото место му припадна на Карим Бензема, уште еден играч кој игра во Саудиска Арабија, со вкупна заработка од 89 милиони евра.

Во топ пет се наоѓаат и Килијан Мбапе (81 милион евра) и Ерлинг Халанд (68 милиони евра).
Потоа следуваат Винисиус Жуниор (51 милион евра), Мохамед Салах (47 милиони евра), Садио Мане (46 милиони евра), Џуд Белингем (38 милиони евра), како и младиот 18-годишен Ламине Јамал со 37 милиони евра, кој првпат се најде на листата на најплатени фудбалери во светот.

Листата на „Форбс“ уште еднаш го потврдува огромното влијание што го има Саудиска Арабија врз фудбалскиот пазар, имајќи предвид дека дури тројца играчи од нивната Про лига се меѓу најплатените во светот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.