Connect with us

Фудбал

Русите се враќаат во светскиот фудбал, Инфантино најави укинување на суспензијата поради војната со Украина?!

Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, денес најави дека наскоро руските фудбалски клубови и репрезентацијата на Русија би можеле да се вратат на најголемата сцена.

Руските клубови и репрезентации беа исфрлени од сите натпреварувања под капата на УЕФА и ФИФА во последните четири години, од почетокот на инвазијата врз Украина, но тоа наскоро би можело да се промени.

„Мораме да ја укинеме забраната за Русите. Дефинитивно“, изјави Инфантино за Sky News.

Инфантино призна дека исклучувањето на Русите од натпреварувањата било голема грешка и дека со забраната не се постигнало ништо.
„Забраната за настап на Русите создаде повеќе фрустрација и омраза“, порача Инфантино.

Тој додаде дека дозволувањето на настапите на Русите би помогнало „девојчињата и момчињата од Русија да играат во Европа“.

Исто така, Инфантино уште еднаш јавно се спротивстави на одлуката истата мерка на забрана да ѝ се изрече на Израел, нарекувајќи ја тоа „пораз“.

Инфантино сака промена на правилата со цел ФИФА „никогаш да не ѝ забранува настап на ниту една земја поради постапките на нејзините политички лидери“.