Сабаленка: Сакате да ме тестирате дали сум женско? Повелете, само напред!

Женската тениска асоцијација (WTA) одлучи во иднина сите тенисерки да бидат подложени на генетско тестирање за да се утврди дали можат да се натпреваруваат на WTA турот, односно во конкуренција на тенисерки.
Станува збор за правило кое стапи во сила кон крајот на јули, според кое играчките мора да достават примерок преку кој ќе се утврди дали навистина се жени, што предизвика голема полемика.
Но, не и кај моментално најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка.
Пред почетокот на „Роџерс купот“ во Монтреал, каде Сабаленка ќе се обиде да го поправи впечатокот по Вимблдон, едно од прашањата за неа се однесуваше токму на најавените генетски тестирања во организација на WTA.
И Белорусинката порача – само напред.
„Мислам дека е многу важно да се одржи фер-плејот во нашиот спорт. Очигледно е дека, биолошки, мажите се многу посилни од жените, па затоа сметам дека не би било фер жените да се натпреваруваат против биолошки мажи“, изјави Арина Сабаленка за промените што стапија на сила во „белиот спорт“.
„Верувам дека им требаше малку време за да ја донесат оваа одлука и јас го поддржувам тоа. Јас сум фокусирана само на себе, на моите цели, знаете веќе, што и да е потребно. Ако сакаат сите да нè тестираат, со задоволство ќе го направам тоа“, заклучи таа.
Поврзани вести

Англичанец против Ламин Јамал: „Тој не е најдобриот 19-годишник во светот. Што има покажано досега?“

Хаос со дресот на Реал Мадрид, француска продавница го стави на продажба по грешка пред официјалното претставување

