Сакам да останам што подолго! Ѕвездата на Барселона ги отфрли шпекулациите за заминување од Каталонија

Фермин Лопез реагираше на последните гласини кои го поврзуваа со можен трансфер од Барселона, јасно покажувајќи ја својата желба да остане во каталанскиот клуб.
Експертот за трансфери, Матео Морето, извести минатата недела дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ го имаат Фермин Лопез како главен приоритет за летниот преоден рок следната година.
Самиот офанзивен играч од средниот ред на Барселона реагираше на овие вести по последната убедлива победа на Каталонците од 6-1 против Алавес.
“Не обрнувам внимание на ваквите вести. Сакам да останам тука што подолго е можно. Се надевам дека ќе ја завршам мојата фудбалска кариера во овој клуб.” 23-годишникот е еден од клучните играчи на Барселона и оваа сезона покажува одлична форма, допринесувајќи со 6 голови и 6 асистенции досега.



