Сан Антонио Спарс со лекција за Лос Анџелес Клиперс и се искачи на врвот на Запад, победи и за Њујорк Никс и Мемфис Гризлис

Екипата на Сан Антонио Спарс го презеде водството во Западната конференција по победата со 124-112 над Лос Анџелес Клиперс. Сите носители на Спарс постигнаа над 10 поени, а се истакна Виктор Вембaњама со 32 поени и 11 скока.
Победи и шампионската екипа на Њујорк Никс, која со 102-99 ја совлада Минесота на гости, во натпревар полн со ривалитет до самиот крај. За гостите се издвои Кар Антони Таунс со 22 поени и 12 скока, потпомогнат од Џален Брансон со 21 поен.
Друга загуба за Голден Стејт Вориорс, кои беа поразени со 126-98 од Мемфис Гризлис. Одлучувачка беше клупата на домашната екипа, од каде дојдоа 49 поени. Победува и екипата на Портланд Трејлблејзерс, која благодарение на 33-те поени на Демијан Лилард, го совлада Милвоки Бакс со 124-114.
НБА-Резултати од денес
Мемфис Гризлис – Голден Стејт Вориорс, 126-98
Милвоки Бакс – Портланд Трејлблејзерс, 114-124
Минесота – Њујорк Никс, 99-102
Сан Антонио Спарс – Лос Анџелес Клиперс, 124-112



