SportM
Фудбал

Се будам секое утро надевајќи се дека Интер ќе престане да победува, а ние ќе влеземе во серија победи!

SPORTM.mk30 окт 2026
Се будам секое утро надевајќи се дека Интер ќе престане да победува, а ние ќе влеземе во серија победи!

Џери Кардинале, сопственикот на Милан и фондот „РедБирд“, зборуваше за ривалството со Интер и сонот за освојување на шампионската титула.

„Се будам секое утро надевајќи се на мала можност; дека Интер ќе почне да ремизира наместо да победува, додека ние да направиме серија на победи. Мене ми е важна само победата и да ја намалиме разликата со екипите што се пред нас“, – изјави тој за „Газета дело Спорт“.

Кардинале призна дека ривалството со „неразурите“ му предизвикува и бессони ноќи: „Ја чувствувам конкуренцијата со Интер, дури и ме остава буден. Тие го заслужуваат нивото на кое се наоѓаат и ги почитувам. Сигурен сум дека и ние ќе достигнеме тоа ниво и ќе го кренеме тој трофеј“, – рече тој, мислејќи на титулата во Серија А.

За новиот стадион, Кардинале додаде: „Тоа е важен чекор, но нема стадион во светот што за мене вреди толку како победа во дербито против Интер“.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.