Се дозна датумот кога Реал Мадрид ќе го официјализира трансферот на Јан Диоманде

Сега веќе нема место за дилеми. Јан Диоманде ќе го облече дресот на Реал Мадрид за новата сезона. Мадридскиот клуб и Лајпциг се многу блиску до постигнување на извонреден договор. Се очекува сумата да биде 120-130 милиони евра.
Според Флоријан Плетенберг од Скај Спорт Германија, Реал Мадрид сака да го финализира потписот на Диоманде пред сабота, датум кога Лајпциг патува за Австрија за да ја започне својата подготвителна фаза пред новата сезона.
И самиот страничен напаѓач не покажа никакви проблеми и се приклучи на тимот во Германија на тренинг сесиите кои започнаа на почетокот на неделата, тој веќе има постигнато договор со Реал Мадрид за личните услови.
Сега, се очекува утре или во сабота да следи и официјализацијата на едно од најголемите трансфери овие лето и во историјата на фудбалот.



