Сè е готово: Арсенал ја активира откупната клаузула и го потпиша шпанскиот репрезентативец за 60 милиони евра
E R10 мај 2025

Фото: tv21m
Лондонски Арсенал го договори првото летно засилување, а Мартин Зубименди ќе им се придружи на „Топџиите“ на првиот ден од преодниот рок.
Фабрицио Романо го потврди ова денес со неговото препознатливо “Here we go”, што значи дека работата е завршена кога станува збор за овој трансфер. Зубименди, кој има 26 години, пристигнува во Арсенал од Реал Сосиедад и ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, каде што „топџиите“ имаа многу проблеми во текот на тековната сезона. Арсенал ја активираше откупната клаузула во договорот на Зубименди со тимот од Сан Себастијан, а таа изнесуваше 60 милиони евра. Фудбалерот усно се согласи на договорот и наскоро се очекува официјална потврда за долгорочната соработка со Арсенал.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



