SportM
Фудбал

Се огласи семејството на Меси, бараат разбирање и хуманост во вакви ситуации!

Редакција19 јун 2026
Се огласи семејството на Меси, бараат разбирање и хуманост во вакви ситуации!

Семејството на Лионел Меси соопшти дека неговиот татко Хорхе Меси се соочува со здравствен проблем и моментално е под медицински надзор, при што неговата состојба се подобрува. Соопштението следува по бројните шпекулации откако Меси заплака за време на натпреварот против Алжир на Светското првенство. Од семејството апелираат до јавноста и медиумите да ја почитуваат нивната приватност и да не шират непроверени информации. Тие нагласуваат дека единствено официјалните семејни канали можат да обезбедат точни информации за здравствената состојба на Хорхе Меси.

Инаку, Хорхе Меси е хоспитализиран, има здравствени проблеми, некои медиуми дури објавија дека починал, што се воспостави дека не е точно. Сепак, дека здравствената состојба негова не е баш најдобра покажа и реакцијата на Меси на првиот меч од Мундијалот кога заплака на теренот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.