SportM
Фудбал

Се огласи трагичарот на финалето, не се извини за црвениот картон (ФОТО)

Редакција21 јул 2026
Се огласи трагичарот на финалето, не се извини за црвениот картон (ФОТО)

Фудбалерите на Аргентина загубија во финалето на Светското првенство од Шпанија со 1:0, а покрај слабата игра на „гаучосите“, на таквиот исход влијаеше и црвениот картон што го доби Енцо Фернандез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enzo Fernández (@enzojfernandez)

Фернандез беше исклучен во 90+3. минута, кога при резултат 0:0 го доби вториот жолт картон поради груб старт врз Пау Кубарси, оставајќи ги своите соиграчи со играч помалку во продолженијата, во кои Шпанците стигнаа до победничкиот гол во 106. минута.

Фудбалерот на Челси се огласи по натпреварот, а иако многумина очекуваа да ѝ се извини на нацијата поради црвениот картон, тоа не се случи.

„Како што минува времето, сфаќаш дека постои нешто многу поважно од самиот резултат. Оваа група со години ја претставува нашата земја на најдобар можен начин. Нè учи дека натпреварувањето не е само победа, туку дека за дресот се дава сè и никогаш не се откажува. Горд сум што сум дел од оваа екипа, која секогаш беше тука, се бореше до максимум и ги бранеше овие бои со гордост, скромност и посветеност“, напиша Енцо и додаде:

„Сакам да им се заблагодарам на сите аргентински навивачи. Ви благодарам што секогаш сте со нас, што нè следите на секој натпревар, за вашата љубов и безусловна поддршка. Благодарение на вас се чувствуваме како дома каде и да сме во светот. Да се носи дресот на својата земја е најголемата чест во мојата кариера и ќе продолжам да давам сè од себе секојпат кога ќе го носам“, порача Фернандез.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.